Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франција прв предизвик за ракометарките на ЕП во Скопје

/

пред 1430 дена

Сподели преку :

По 10 години женската ракометна репрезентација на Македонија повторно ќе биде дел од едно големо натпреварување.

Нашата земја е еден од домаќините на Европското првенство и попладнево во Скопје во првото коло од фазата по групи избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе се соочат со актуелниот олимписки шампион Франција.

Идентично како и на последното учество на континенталните шампионати Македонија настапот го отвора со репрезентацијата на Франција. Пред една деценија Французинките славеа со 29:16, а натпреварот се одигра во салата Чаир во Ниш.

Во минатото женската ракометна репрезентација на Македонија има и еден триумф на Франција, тоа се случи во квалификациите за ЕП пред една деценија кога во Арената Борис Трајковски забележавме победа од 30:27.

Франција е фаворит не само за победа во денешниот дуел, туку и важи за еден од најсериозните кандидати за златниот медал. Франција се селекција која пред четири години на домашен терен стигна до златото прекинувајќи ја доминацијата на Норвешка на Стариот континент.

Сепак и покрај квалитетот на противникот македонската репрезентација предвреме не се предава и нашите ракометарки најавуваат дека бодрени од домашната публика ќе дадат се од себе да извлечат поволен резултат.

Натпреварот почнува во 18 часот додека во вториот меч од денешната програма ќе се соочат Романија и Холандија.

ФОТО: Игор Паневски