Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Французите се жалат на прескапите карти за ЛОИ во Париз

/

пред 1310 дена

Сподели преку :

Во последното испитување на јавното мислење дури 84 проценти од анкетираните сметаат дека цената на билетите за следење на натпреварувањата на Летните олимписки игри во Париз е премногу висока.

Продажбата на пакетите почна на 15 февруари и во моментов може да се купи третина од предвидените три милиони влезници и тоа по цена од 24 евра.

Според последните информации веќе се распоредени контингентите предвидени за следење на натпреварувањата во мечување, спортско качување, BMX-слободен стил, трките во BMX, скејтборд, триатлон и брејкденс кои.

Резултатите од анкетите покажуваат дека дури 79 проценти од испитаниците сметаат дека процедурата за купување на влезници е многу тешка и дека целиот процес е премногу сложен.

Поголемиот дел од анкетираните или 72 отсто потенцираат дека спортистите од Русија треба да бидат исклучени од Игрите, 28 истакнуваат дека тие треба да настапат под сопственото знаме.