Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алегри се враќа на клупата на Милан

/

пред 493 дена

Сподели преку :

Фудбалскиот клуб Милан се очекува овие денови и официјално да ја прекине соработката со тренерот Серџо Консеисао и на негово место да го назначи Масимилијано Алегри.

Италијанскиот стратег имал серија преговори со „росонерите“ и прифатил тригодишен договор вреден 5 милиони евра по сезона. За Алегри ова ќе биде кам-бек на „Сан Сиро“, бидејќи го водеше тимот од клупата од 2010 до 2014 година. Потоа тој имаше два мандати како тренер на Јувентус, а од минатото лето е слободен агент.

Алегри со Милан освои титула во 2011 година, а со Јувентус беше пет пати шампион на Серија А.