Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Анчелоти ќе го преземе Бразил од 2024 година

/

пред 1189 дена

Сподели преку :

Карло Анчелоти ќе биде селектор на фудбалската репрезентација на Бразил откако ќе му истече договорот со Реал Мадрид на 30 јуни 2024 година.

Оваа вест ја потврди претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Едналдо Родригеш и тоа на промоцијата на новиот селектор Фернандо Диниз, кој ќе го води тимот до јуни идната година.

Анчелоти ќе треба да ги преземе „кариоките“ за настапот на Копа Америка. Тоа ќе биде прва селекторска работа за 64-годишниот стратег, кој има неверојатна тренерска кариера зад себе предводејќи ги Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Наполи, Евертон, Баерн Минхен и во два мандати Реал Мадрид.