Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Бизарна повреда на Хендерсон: Не играше против Мексико, а можеби го заврши Мундијалот

/

пред 89 дена

Сподели преку :

Англискиот репрезентативец Џордан Хендерсон не одигра ниту една минута во драматичната победа против Мексико во осминафиналето на Светското првенство, но сепак заработи сериозна повреда.

По последниот судиски свиреж, англиските фудбалери славеа со своите навивачи на преполниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити, а Хендерсон се лизна и падна преку рекламните билборди покрај теренот. Веднаш му беше укажана лекарска помош, доби и кислород, по што беше изнесен на носилки и пренесен во болница.

Според првичните информации, Хендерсон има сериозна повреда на зглобот на раката, поради што неговиот настап до крајот на Мундијалот е доведен во прашање. Селекторот Томас Тухел по натпреварот потврди дека фудбалерот е во болница и дека станува збор за повреда што не се вклопува во радосната вечер за Англија.

Хендерсон досега имаше само еден настап на ова Светско првенство, кога влезе како резерва во финишот од натпреварот против Панама. Англија во четвртфиналето ќе игра против Норвешка.