Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дориев по три години си замина од Шкендија

/

пред 1210 дена

Сподели преку :

Повремениот македонски репрезентативец Љупче Дориев по три години минати во редовите на Шкендија од Тетово реши да ја напушти екипата и да почне ново поглавје во кариерата.

Дориев во Тетово дојде во 2020 година, а претходно го носеше дресот на Академија Пандев и Хоризонт Турново.

Напаѓачот како дел од тетовскиот тим одигра 99 натпревари, постигна 30 погодоци и имаше 21 асистенција.

Дориев во моментов е на подготовките со националниот тим во пресрет на квалификациските натпревари против Украина и Англија и се уште е неизвесно каде ќе ја продолжи кариерата.

За репрезентацијата на Македонија, Дориев има шест настапи.

ФОТО: Игор Паневски