Репрезентацијата на Хрватска ја совлада Канада со 4:1 и со првата победа на шампионатот остана во трката за пласман во елиминациската рунда.
Канаѓаните поведоа уште во 68. секунда откако Алфонсо Дејвис го совлада противничкиот голман.
До крајот на првиот дел Хрватска преку Андреј Крамариќ и Марко Ливаја успеа да направи пресврт и да обезбеди водство од 2:1.
Во продолжението Крамариќ повторно се запиша во листата на стрелците за 3:1, а конечните 4:1 ги постави Ловро Мајер.
ФОТО: Игор Паневски






















