Фудбалската репрезентација на Македонија со победата од 2:1 во дуелот против Малта триумфално ги отвори квалификациите за претстојниот Европски шампионат.
Долго време нашата селекција се обидуваше да го скрши отпорот на противникот, но по безброј неискористени шанси во второто полувреме со погодоците на Елиф Елмас и Дарко Чурлинов успеа да стигне до водство од 2:0.
Стрелец на единствениот погодок за гостите беше Јанкам Јаник.
ФОТО: Игор Паневски


























