Францускиот весник „Лекип“ објави дека ПСЖ ќе му врачи отказ на тренерот Кристоф Галтие по само една сезона на клупата и покрај тоа што ја освои шампионската титула во Лига 1.
Челниците на клубот не се задоволни од настапот во Лигата на шампиони, каде „светците“ испаднаа во осминафиналето од Баерн Минхен. Вечерва против Клермон, Галтие за последен пат ќе биде на клупата на „Паркот на принцовите“, а веројтно негов наследник ќе биде Жозе Мурињо од Рома.











