Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мбапе: Имам уште една година од договорот со ПСЖ, ќе го испочитувам

/

пред 1226 дена

Сподели преку :

Килијан Мбапе синоќа четврти пат по ред ја доби наградата за најдобар фудбалер во Лига 1. Со 28 голови сезонава тој воедно е и најдобар стрелец во француската елита.

Во својот говор при примањето на наградата потврди дека планира да го испочитува својот договор и следната сезона ќе игра за ПСЖ.

„Следната сезона ќе играм за ПСЖ. Имам уште една година од договорот и ќе го испочитувам тоа“, рече францускиот напаѓач.

Тој во договорот со ПСЖ има опција за продолжување на соработката на уште една сезона до јуни 2025 година, но Мбапе не е расположен да ја активира, бидејќи планира да си замине од Париз следното лето.