Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мексико испадна од Копа Америка, познати се првите две четврфинални пресметки (ВИДЕО)

/

пред 826 дена

Сподели преку :

Мексико елиминиран уште по групната фаза на Копа Америка. Познати се првите четвртфинални двојки на јужноамериканското првентво.

Мексико требаше да го победи Еквадор за да се пласира во елиминациската фаза на Копа Америка, но утринава одигра само 0-0 на стадионот во Глендејл.

Двете репрезентации финишираа со по четири бодови во групата Б, но Еквадор оди понатаму поради подобрата гол-разлика односно +1, додека Мексико е на нула, бидејќи на три натпревари даде еден гол и прими исто така еден погодок.

На вториот натпревар во групата Венецуела ја совлада Јамајка со убедливи 3-0 и со максимални 9 бодови оди во нокаут рундата.

Во четвртфиналето, Еквадор ќе се соочи со фаворитот Аргентина во четврток, додека Венецуела ќе игра со Канада ден подоцна.

Вечерва се играат натпреарите од 3.коло во групата Ц. Домаќинот САД ако сака пласман во четвртфиналето мора да го победи Уругвај, кој досега има две победи, а во вториот натпревар играат Панама и Боливија.