Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меси се израмни со Алвеш по бројот на титули и урна рекорд на Роналдо

/

пред 1227 дена

Сподели преку :

Лионел Меси синоќа погоди во ремито 1-1 на гостувањето кај Стразбур и официјално му ја донесе шампионската титула на ПСЖ во Лига 1. Со овој гол Аргентинецот стана најдобар стрелец во историјата на ТОП 5 европските фудбалски лиги со 496 голови и го бутна на второто место Кристијано Роналдо.

Меси израмни уште еден голем рекорд, бидејќи го освои 43-тиот трофеј во својата кариера. Се израмни со неговиот поранешен соиграч од Барселона, Дани Алвеш, па сега заедно го делат првото место како најтрофејни играчи во историјата на фудбалот.

Се очекува Меси по завршувањето на сезоната да го напушти ПСЖ. Неговата следна дестинација сѐ уште е непозната.