Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милевски: Пеколно тешка група, голем предизвик за нас

/

пред 1460 дена

Сподели преку :

Фудбалската репрезентација на Македонија дефинитивно немаше среќа во жрепката за квалификациите за Европското првенство.

“Фудбалски предизвик за сите нас. Ја добивме најтешката можна група. Веројатно и сами да биравме, посилни противници немаше да можевме да избереме.  Но, ние веќе се навикнавме на ваква среќа. Ги добивме финалистите од последното Европско првенство и апсолутни фаворити за првите две места во групата. Се разбира дека ќе ја бараме нашата шанса и ќе се обидеме да останеме конкурентни до самиот крај, а објективните околности ќе покажат  дали може да се надеваме на висок пласман. Групата е пеколно тешка, а такви ќе бидат и натпреварите. Наше е да веруваме во себе”, изјави по жрепката селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски.

ФОТО: Игор Паневски