Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Навивачка фешта во Скопје: Вардар ја слави 12-тата шампионска титула (ФОТО)

/

пред 133 дена

Сподели преку :

Фудбалскиот клуб Вардар денеска официјално го доби шампионскиот пехар и ја прослави 12-тата титула во својата историја. Во последниот натпревар од сезоната, „црвено-црните“ славеа убедлива победа од 3-0 против најголемиот ривал Шкендија на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Нашиот најтрофеен клуб го обезбеди првото место на табелата уште минатото коло, кога на гостински терен славеше против Струга со 1-0, па денешната пресметка со Шкендија беше без резултатско значење.

По натпреварот следуваше голема прослава со навивачите — најпрво на теренот на нашиот најголем стадион, а потоа славјето се пресели на „Школка“ во Градскиот парк.