Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ништо од Рашфорд: Милан се засилува со Жоао Феликс од Челси

/

пред 624 дена

Сподели преку :

Милан во јануарскиот преоден рок се обидува да доведе квалитетни засилувања за да ја подобри сезоната. Иако се чинеше дека Маркус Рашфорд ќе биде најголемиот трансфер на „росонерите“ оваа зима, се чини дека преговорите пропаднаа.

Според италијанските медиуми, сега Милан се фокусира на Жоао Феликс од Челси. Португалецот би пристигнал на позајмица до крајот на актуелната сезона, а „росонерите“ би можеле целосно да го откупат неговиот договор за 35 милиони евра.

Милан во меѓувреме е во преговори и со Кајл Вокер од Манчестер сити.