Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ПСЖ го напушта „Паркот на принцовите“: Испрати понуда за најголемиот стадион во Франција

/

пред 1272 дена

Сподели преку :

ПСЖ наскоро ќе го напушти својот актуелен стадион „Паркот на принцовите“ во Париз, но нема намера да гради нов. Челниците на францускиот гигант наводно испратиле понуда да го купат најголемиот стадион во земјата, „Стад де Франс“, кој се наоѓа во предградието Сен Дени.

Овој стадион е со капацитет од 80.000 гледачи, што е 32.000 повеќе од „Паркот на принцовите“. На оваа арена Франција ги игра своите репрезентативни натпревари, но бидејќи се користи релативно ретко, одржувањето е доста скапо.

Ако државата одлучи да го продаде стадионот на ПСЖ, одржувањето нема да биде проблем. Стадионот беше изграден за СП 1998 година и токму тука се одигра финалето, кога Франција за прв пат стана светски шампион.