Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уругвај на пенали го доби утешниот натпревар против Канада на Копа Америка (ВИДЕО)

/

пред 813 дена

Сподели преку :

Уругвај го освои третото место на Копа Америка откако утринава на пенали ја совлада Канада, која е најпријатното изненадување на турнирот. Вечерва на програмата е и големото финале помеѓу Аргентина и Колумбија.

Родриго Бентанкур ги доведе сините во водство на стадионот во Шарлот во осмата минута од средбата. Исмаил Коне атрактивно погоди за 1-1 во 22-та минута, а целосен пресврт направи Џонатан Дејвид во 80-та минута. Луис Суарез го спаси Уругвај од пораз со гол во 92-та минута и се избори за пенали.

Во пенал-рулетот, јужноамериканците славеа со 4-3, откако во таборот на Канада не реализираа Коне и Алфонсо Дејвис, кој шутираше со „паненка“ и ја погоди само пречката.

Големото финале на Копа Америка помеѓу Аргентина и Колумбија се игра утре во 2 часот по полноќ на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.