Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед постигнаа четири гола, но не ја совладаа Севилја

/

пред 1272 дена

Сподели преку :

Манчестер Јунајтед и покрај предноста од 2:0 по првите 45 минути од натпреварот не успеа да ја совлада Севилја која со двата автогола на домашните играчи на крајот непоразена си заминува од Олд Трафорд по првиот четвртфинален дуел од Лига Европа.

Црвените ѓаволи поведоа со погодоците на Марсел Сабицер во 14 и 21 минута од средбата, а потоа во самата завршница Тајлер Маласија (84 минута) и Хари Мегваер (90+2) стигна до израмнување.

Јувентус успеа да го совлада Спортинг Лисабон со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Федерико Гати во 73. минута од натпреварот.

Со идентична предност на реваншот во Рим заминува и Феенорд, а лидерот во Холандија до победата дојде со голот на Матс Вајфер во 53. минута.

И во последниот четвртфинален меч Баер Леверкузен и Ројал Унион играа без победник 1:1. Гостите поведоа со голот на Виктор Бонифас во 51 минута, а на осум минути пред крајот Флоријан Вирц го постави конечниот резултат.