Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гакпо ќе дебитира во дресот на Ливерпул

/

пред 1371 дена

Сподели преку :

Новото име во редовите на Ливерпул, Коди Гакпо најверојатно вечерва против Вулверхемптон ќе го одигра првиот натпревар во дресот на клубот од Енфилд.

Холандскиот репрезентативец во првите денови од јануарскиот преоден рок го комплетираше трансферот од ПСВ Ајндховен и откако го пропушти мечот со Брентфорд тој е во конкуренција за дуелот од Купот на Англија.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп нема да може да смета на Вирџил ван Дајк кој се повреди на последниот натпревар во Премиер лигата со Брентфорд, а вечерва нема да настапи ниту капитенот Џордан Хендерсон кој и покрај фактот што вчера тренираше со полн интензитет ќе добие уште некој ден одмор.

ФОТО: Игор Паневски