Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија ја освои бронзата на ЕП во кошарка

/

пред 1478 дена

Сподели преку :

По победата од 82:69 во дуелот против Полска, репрезентацијата на Германија го освои бронзениот медал на Европското првенство во кошарка.

Домаќинот на завршницата на шампионатот по првото полувреме имаше предност 13 поени и кога се очекуваше дека во продолжението од средбата ќе обезбеди предност за мирна завршница, Полјаците успеаа да се вратат во мечот, но немаа сила за пресврт и на крајот мораа да се задоволат со четвртата позиција.

Најефикасен на натпреварот беше Денис Шредер со 26 поени, впиша и шест асистенции, но имаше и осум загубени топки. Во поразениот тим прв стрелец со 18 поени беше Михал Соколовски.

Со овој триумф Германија ја комплетираше колекцијата на медали од континенталните првенства и на златото од 1993-тата и среброто во 2005 година освоена е бронза.