Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија остана без селектор пред дуелот со Словенија на Евробаскетот

/

пред 390 дена

Сподели преку :

Селекторот на германската кошаркарска репрезентација Алекс Мумбру се повлече од функцијата на само два дена пред четвртфиналниот дуел со Словенија на Европското првенство. Шпанскиот стратег му ја препушта одговорноста на својот помошник да го води тимот до крајот на турнирот.

Мумбру на само еден ден пред почетокот на Евробаскетот итно беше хоспитализиран во Тампере поради акутна инфекција. Во групната фаза тимот го предводеше помошникот Алан Ибрахимагиќ, додека шпанскиот стратег беше на клупата само за осминафиналето против Португалија. Мумбру изјави дека не се чувствува физички подготвен да го води тимот на натпреварите поради здравствени причини, но ќе остане на клупата за подршка. Ибрахимагиќ ќе ја преземе одговорноста и ќе го командува со тимот во среда против Словенија во рамки на четвртфиналето на континенталниот турнир.

Германија фуриозно ја мина групната фаза со сите победи и просечна разлика од над 30 поени, а во осминафиналето беше подобра и од Португалија. По елиминацијата на Србија, Германците сега важат за најголеми фаворити за европското злато.