Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гиљермо останува на клупата на Вардар и следната сезона

/

пред 493 дена

Сподели преку :

Ракометниот клуб Вардар го продолжи договорот со својот актуелен тренер Гиљермо Милано на уште една сезона. Најтрофејниот македонски тим и аргентинскиот стратег брзо најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.

Милано седна на клупата на Вардар во ноември 2024 година на местото на Владо Недановски и оттогаш има биланс од 18 победи, две ремија и само еден пораз. Челниците на „црвено-црните“ очигледно се задоволни од работата на Аргентинецот па му дадоа доверба и за следната натпреварувачка година.

Оваа сезона Вардар е во игра за враќање на шампионската титула во домашното првенство, но за такво нешто ќе мора да слави против Тиквеш на гости и Еурофарм Пелистер на домашен терен. Милано ќе има шанса за прв трофеј со Вардар веќе претстојниот викенд, кога се игра завршниот турнир во Купот на Македонија во Охрид, а во полуфиналето ќе ги одмери силите со Алкалоид.

Фото: Игор Паневски