Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ 24-тата грен слем титула му ја посвети на Коби Брајант (ВИДЕО)

/

пред 1119 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ синоќа го совлада Данил Медведев во три сета во големото финале на Ју-Ес Опен и дојде до 24-тата грен слем титула во кариерата. Србинот се израмни со Маргарет Корт, а му побегна на Рафаел Надал за две големи титули.

По поразот од Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон, Ѓоковиќ се врати со серија од 12-0, која траеше од мастерсот во Синсинати и продолжи на Ју-Ес Опен. Медведев кој го победи Србинот во Њујорк во финалето во 2021 година, синоќа немаше сили повторно да го запре. Ѓоковиќ славеше со 6-3, 7-6, 6-3 и по четврти пат во една сезона дојде до три грен слемови, по 2011, 2015 и 2021 година.

По триумфот Ѓоковиќ симболично ја посвети титулата на трагично загинатата кошаркарска легенда Коби Брајант.

„Мислев, бидејќи тој го носеше бројот 24 кога стана легенда на Лејкерс и светската кошарка. Па затоа мислев дека би било убаво, симболично да му оддадам признание“, рече Ѓоковиќ. „Коби ми беше близок пријател. Зборувавме многу за победничкиот менталитет, кога се мачев со повреди и се обидував да направам кам-бек, да се вратам назад на врвот. Тој беше еден од луѓето на кои најмногу се потпирав. Секогаш беше тука за било каков совет или било каква подршка на најпријателски начин“, додаде Србинот.


Најуспешниот тенисер на сите времиња од денеска се враќа и на првото место на АТП ранг-листата.