Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ ја водеше Србија до четвртфиналето во Јунајтед Купот, Хрватска ги чека останатите резултати

/

пред 1005 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ ја предводеше Србија до победа против Чешка во Јунајтед Купот и закажа четвртфинале со домаќинот на турнирот Австралија.

Во дуелот во рамки на групата Е, Маркета Вондрушова ја победи Олга Даниловиќ во три сета и ѝ донесе водство на Чешка против Србија. Ѓоковиќ го совлада Јиржи Лехечка со 6-1, 6-7 и 6-1, а во мешани двојки Даниловиќ и Меџедовиќ ја одведоа Србија до триумфот и пласманот во четвртфиналето. Таму нашиот северен сосед ќе ги одмери силите со домаќинот на Јунајтед Купот, селекцијата на Австралија.

На останатите пресметки, во групата Б, Чиле ја изненади Грција и славеше со 2-1, додека во групата Ф, Хрватска победи на двата меча во сингл, но загуби во мешани двојки од Холандија. На „коцкестите“ им требаше победа од 3-0 за да бидат на првото место во групата и да се пласираат во четвртфиналето. Со овој резултат, Норвешка е прва и оди директно во нокаут-фазата додека Хрватска ќе чека  да се одиграат сите мечеви од групната фаза за да види дали ќе биде помеѓу најдобрите второпласирани селекции.