Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ не виде мака со Гојо, елиминација на првата фаворитка Швјонтек

/

пред 1126 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ, за разлика од третото коло против Ласло Џере, во осминафиналето на Ју-Ес Опен немаше многу проблеми да го елиминира Борна Гојо. Србинот славеше со 6-2, 7-5 и 6-4 против 25-годишниот Хрват.

Вториот фаворит во четвртфиналето ќе се соочи со деветтиот носител Тејлор Фриц , кој утринава го победи Доминик Стрикер со 7-6, 6-4 и 6-4. Во американската осминафинална пресметка Бен Шелтон во четири сега го изненади Томи Пол, па во следната рунда повторно за ривал ќе има сонародник во името на Франсес Тиафо, кој пак го елиминираше Ринки Хиџиката.

Најголемото изненадување на женскиот дел од грен слемот се случи утринава. Јелена Остапенко ја елиминираше првата фаворитка Ига Швјонтек со 3-6, 6-3 и 6-1. Летонката во четвртфиналето ќе игра против шестата носителка Коко Гоф. Американката синоќа ја победи повратничката Каролин Вожњацки со 6-3, 3-6 и 6-1. Сорана Кирстеа од Романија продолжува со одличните игри и синоќа ја победи Белинда Бенчиќ во два сета со по 6-3 за да се пласира меѓу најдобрите осум. Следена ривалка на Романката ќе биде 10-тата фаворитка Каролина Мухова.