Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ предвреме го прекина тренингот: Не сакав да ризикувам поголема повреда

/

пред 1362 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ утринава во Мелбурн предвреме го прекина тренинг мечот против Данил Медведев поради повреда. Србинот сега е во трка со времето за настап на Австралија опен, што стартува во понеделник.

Ѓоковиќ одигра 36 минути против Медведев и го загуби првиот сет со 6-4 пред да поведе со 3-2 во вториот сет. Откако почувствувал истегнување во задниот бутен мускул, Србинот решил да го прекине мечот.

„Не сакав да ризикувам и да ја влошам повредата. Одиграв еден сет и му се извинив на Медведев, кој ме разбра. Едноставно не сакав да преземам ризик пред Австралија опен“, рече Србинот. 

Деветкратниот шампион на Австралија опен имаше проблем со повредата и минатата недела за време на турнирот во Аделаида, што на крајот и го освои.
Првиот сезонски грен слем почнува во понеделник на 16 јануари, а Ѓоковиќ ќе атакува на 22-та голема титула за да се израмни со својот ривал Рафаел Надал на вечната листа. Лани не настапи во Мелбурн, беше депортиран откако му беше укината визата за влез во Австралија, бидејќи не беше вакциниран против Ковид-19.