Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорческа и Ивановски во второто коло на турнирот во Србија

/

пред 1236 дена

Сподели преку :

Лина Ѓорческа и Калин Ивановски се пласираа во втората рунда од ИТФ турнирот што се одржува во Куршумлиска бања.

Ѓорческа, која е поставена за трета носителка во првото коло ја елиминираше Романката Илона Георгијана Гиорае, која го предаде мечот во третиот сет при водство на нашата тенисерка од 3:1. Првиот сет Гиорае го реши во своја полза со 6:2, а потоа Ѓорческа израмни откако славеше со 6:3.

Противничка на Ѓорческа во второто коло ќе и биде Јули Струплова од Чешка која ја елиминираше Бугарката Денислава Глушкова која исто така го предаде мечот во третиот сет.

Ивановски исто така не го комплетираше дуелот против Матија Жугиќ од Србија која по водството на нашиот тенисер од 6:3 се повлече од теренот.

Македонскиот најдобар тенисер, кој е поставен за седми фаворит во второто коло ќе се соочи со Микалај Халијак од Белорусија.

ФОТО: Игор Паневски