Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорческа на листата на учеснички на ИТФ турнирот во Рим

/

пред 1183 дена

Сподели преку :

По настапот во Летонија и пласманот во финалето во игра на двојки, најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа сезоната ја продолжува во Италија каде би требало да биде дел од ИТФ турнирот во Рим што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Иако листата на учеснички се уште не е дефинирана според моменталните пријави би требало да биде поставена за шеста носителка додека најдобро рангирана тенисерка е Џесика Бузас Манеиро од Шпанија која е 169 на ВТА листата, а потоа следуваат Ралука Георгиана Сербан од Кипар и домашната натпреварувачка Нурија Бранкачо.

ФОТО: Игор Паневски