Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот што се одржува во чешкиот град Оломуц и се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Таа во осминафиналето по голема борба во меч што траеше 1 час и 57 минути во два сета со 7:5 и 7:6 е совладана од домашната тенисерка Тереза Валентова која на турнирот настапува со покана на организаторот.
ФОТО: Игор Паневски











