Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорческа поразена во полуфиналето на фјучрс турнирот во Рим

/

пред 1177 дена

Сподели преку :

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на Фјучрс турнирот во Рим откако денеска во полуфиналето загуби од Ралука Георгиана Сербан во три сета.

Нашата тенисерка во првиот сет губеше со 3-5, но направи фантастичен пресврт освојувајќи четири гема по ред за да го освои сетот со 7-5. Во вториот сет, Ѓорческа стартуваше несигурно, па откако ривалката од Кипар поведе со 1-4 не можеше да се врати па го загуби сетот со 4-6. Во третиот решавачки сет исто така беше 4-6 за Сербан, која е втора ностилка на турнирот со награден фонд од 60.000 долари.

ФОТО: Игор Паневски