Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ГН на Холандија останува во Ф1 до 2025 година

/

пред 1395 дена

Сподели преку :

Формула 1 ќе се одржува во татковината на двократниот светски шампион, Макс Ферстапен, Холандија до 2025 година. Организаторите го продолжија актуелниот договор со трката на дополнителни две сезони.

Големата награда на Холандија што се вози на патеката „Зандворт“ е голем хит кај навивачите, особено кај домашните кои го подржуваат возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен. Трката се врати на Ф1 календарот во 2021 година, а актуелниот договор истекуваше во 2023 година. Сега соработката е продолжена за уште две сезони, односно 2024 и 2025 година.

Следната сезона холандското гран при ќе се одржи на 27 август и ќе биде прва трка по летната пауза. Во минатата „Зандворт“ беше домаќин на 32 трки во Ф1 во периодот од 1950 до 1985 година.