Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гоф подобра од Сабаленка во женското финале на Ролан Гарос

/

пред 483 дена

Сподели преку :

Коко Гоф го освои Ролан Гарос, што е нејзина втора грен слем титула во кариерата по Ју-Ес Опен во 2023 година.

Гоф се врати од еден сет негатива против Арина Сабаленка за да дојде до трофејот на црвеницата во Париз. Белорусинката го освои првиот сет во тај-брејкот, но потоа Американката врати со 6-2 и 6-4 за втора грен слем титула во кариерата.

Со само 21 година, Гоф стана најмладата Американка што славела на Ролан Гарос по Серена Вилијамс во 2002 година. Интересно е тоа што ова беше прва финална пресметка на грен слем турнирите помеѓу првите две тенисерки на ВТА ранг-листата уште од 2018 година.
Гоф за победата ќе инкасира 2,5 милиони долари, додека Сабаленка двојно помалку.

Утре на програмата од 15 часот е машкото финале помеѓу Јаник Синер и Карлос Алкараз.