Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гого Славески го нокаутираше ривалот во првата рунда во БКФЦ (ВИДЕО)

/

пред 301 дена

Сподели преку :

Македонскиот борец Горјан Славески сензационално се врати во рингот во БКФЦ и го нокаутираше својот ривал уште во првата рунда на турнирот што се одржа синоќа во Холивуд, Флорида.

Славески доминираше во борбата на 85-тиот турнир во БКФЦ и неговиот ривал Џафар Форт четири пати падна на подот пред да биде нокаутиран во рок од 1 минута и 36 секунди во првата рунда.

Македонецот ја запиша седмата победа во оваа серија во бокс без ракавици и останува на само еден пораз што го доживеа во август оваа година од Џулијан Лејн. За потсетување, Славески е поранешен шампион во БКФЦ во категоријата до 70 килограми.