Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ лесно против Димитров, Меншик го изненади Фриц (ВИДЕО)

/

пред 553 дена

Сподели преку :

Ветеранот Новак Ѓоковиќ и Јакуб Меншик ќе играат во утрешното големо финале на мастерс тенискиот турнир во Мајами. Вечерва се игра мечот за титулата во женска конкуренција.

Новак Ѓоковиќ дојде на само една победа до својата јубилејна 100-та титула во кариерата откако синоќа во полуфиналето во Мајами го победи Григор Димитров во два сета со 6-2 и 6-3. Србинот сега води со 13-1 во меѓусебните дуели со Бугаринот.

Во големото финале во недела Ѓоковиќ ќе се соочи со 19-годишниот Јакуб Меншик. Чехот го изненади четвртиот светски тенисер и домашен фаворит Тејлор Фриц со 7-6, 4-6, 7-6. Меншик имаше неверојатен сервис и освои дури 25 асови. Ова ќе биде второ соочување на Меншик и Ѓоковиќ, кој е еден од идолите на младиот тенисер, а на првата пресметка славеше Србинот со 6-7, 6-1 и 6-4 во Шангај минатата година.

Женското финале помеѓу Арина Сабаленка и Џесика Пегула се игра вечерва од 20 часот.