Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ во третото коло на Ролан Гарос: Продолжува атакот на 25. грен слем-титула (ВИДЕО)

/

пред 129 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Ролан Гарос, откако денеска го совлада фаворитот на домашната публика, Валентан Роје, во четири сета.

Србинот ги освои првите два сета релативно лесно и убедливо, со 6-3 и 6-2, а во третиот испушти меч-топка во тај-брејкот за да ја заврши работата без загубен сет. Роје ја искористи шансата, го доби тај-брејкот со 9-7 и го продолжи натпреварот.

Сепак, Ѓоковиќ не дозволи целосен пресврт. Во четвртиот сет повторно ја презеде контролата и со 6-3 обезбеди пласман во третата рунда, каде што ќе игра со победникот од дуелот меѓу Дино Призмиќ и Жоао Фонсека.