Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем шок во Доха: Сабаленка испадна во 2.коло, елиминирани и Гоф и Женг (ВИДЕО)

/

пред 599 дена

Сподели преку :

На првиот сезонски мастерс во женска конкуренција во Доха голена сензација уште во второто коло. Турнирот заврши за првата носителка Арина Сабаленка, но и за уште две фаворитки од ТОП 10.

Сабаленка го освои првиот сет против Екатерина Александрова со 6-3, но следните два ги загуби со 3-6 и 6-7. Александрова ја потврди добрата форма откако минатата недела го крена пехарот на турнирот од серијата 500 во Линц, Австрија.


Третата фаворитка Коко Гоф исто така ги заврши настапите во Доха во втората рунда по поразот од Марта Костјук во два сета, а Онс Жабер ја совлада седмата фаворитка Чинвен Женг исто така во два сета.

Од фаворитките проблеми немаа Јасмин Паолини против Каролин Гарсија, Елена Рибакина против Пејтон Стирнс и Џесика Пегула победи против Елина Свитолина. Пласман во третото коло во Доха обезбедија и Елиз Мертенс, Софија Кенин, Линда Носкова, Јелена Остапенко, Ребека Шрамкова и Дарија Касаткина.