Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорческа на една победа од историски пласман на Вимблдон

/

пред 96 дена

Сподели преку :

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е на само една победа од историски успех и пласман во главната ждрепка на Вимблдон.

Ѓорческа денеска го мина и второто квалификациско коло на најпрестижниот грен слем турнир, откако по пресврт ја совлада Франциска Жорге од Португалија со 5-7, 6-2 и 6-1.

Првиот сет ѝ припадна на португалската тенисерка, но Македонката во продолжението одигра далеку подобро. Во следните два сета беше убедлива и на противничката ѝ препушти само три гема, за победа по два часа и 23 минути игра.

Во првото квалификациско коло Ѓорческа вчера беше подобра од Шпанката Анхела Фита Болуда во два сета. Последната пречка пред главната ждрепка ќе ѝ биде Италијанката Лучија Бронцети, против која ќе игра утре.

Ова е вторпат во кариерата Ѓорческа да стигне до последното квалификациско коло на еден грен слем турнир. Претходно тоа ѝ успеа во 2017 година на Австралија опен, кога загуби од Швајцарката Стефани Вегеле.

Ѓорческа сезонава настапи и во квалификациите за Австралија опен и Ролан Гарос. Во Мелбурн мина едно коло, додека во Париз беше елиминирана на стартот.