Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорческа не успеа да стигне до титулата во Рим

/

пред 811 дена

Сподели преку :

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби во финалето на фјучрс турнирот во Рим што се играше за награден фонд од 60.000 долари. Таа во мечот за титулата загуби од Русинката Оксана Селехметава во два сета со 6-1 и 7-6.

За Ѓорческа ова беше второ финале годинава по она во Ларнака, Кипар, каде исто така беше поразена, а во кариерата го одигра 35-тото финале и остана на 13 титули. Македонката ја очекува скок на најновата ВТА-листа што ќе излезе утре, бидејќи ќе и бидат впишани поените од овој турнир, каде лани стигна до полуфиналето, како и поените од настапот во квалификациите за Вимблдон.

Ѓорческа утре ќе стартува со настапот на турнирот во Порто од истиот ранг.