Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Горчливо реми во Скопје: Македонија падна на најважниот „испит“ со Казахстан

/

пред 355 дена

Сподели преку :

Македонската фудбалска репрезентација ремизираше 1-1 против Казахстан во Скопје и речиси ги загуби шансите за директен пласман на Светското првенство во 2026 година. Нашиот тим сè уште има теоретски, но не и реални изгледи, бидејќи Белгија, која вечерва славеше во Велс, во последните две кола од квалификациите ќе игра со најслабите селекции во групата Ј — Казахстан и Лихтенштајн. Целта сега останува освојување на второто место и пласман во баражот.

Македонија слабо го отвори натпреварот, а во првото полувреме гостите ја имаа најдобрата шанса за водство. Нашиот тим се закани преку Милан Ристовски во два наврати и Дарко Велковски, но без конкретен ефект. Казахстан поведе во 54-тата минута преку Караман, а капитенот Енис Барди израмни во 74-тата со прекрасен погодок од слободен удар.

„Црвено-жолтите“ доминираа до самиот крај, но единствената вистинска шанса за целосен пресврт ја имаше Никола Серафимов во 94-тата минута, кога биеше крај голот.

Со вечерашната победа од 4-2 на гостувањето кај Велс, Белгија изби на првото место на табелата во групата Ј со 14 бодови, додека Македонија е втора со 13, но и со натпревар повеќе. Велс има 10 бодови и натпревар помалку.

Во последното коло, Македонија на 18 ноември ќе гостува во Велс. Со победа сигурно ќе го освоиме второто место, а и ремито може да биде доволно — но само доколку Велшаните не го совладаат Лихтенштајн во Вадуц со шест голови разлика.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија