Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грузија и Црна Гора пред пласман на СП во кошарка

/

пред 1317 дена

Сподели преку :

Денеска се играат натпреварите од последното коло во две групи од квалификациите за пласман на Светското првенство во кошарка.

Од делот на квалификациите во Европа останаа да се пополнат уште три места, а вечерва ќе бидат познати две селекции кои ќе патуваат во Индонезија, Јапонија и Филипини.

Во К групата најголеми шанси има Црна Гора која за пласман на Светскиот куп вечерва треба да ја совлада Чешка на домашен терен. Во случај на евентуален пораз на Црногорците, Босна и Херцеговина може да се пласира, но треба да слави на гостувањето во Унгарија, која исто така имаш за пласман, но потребен и е пораз над Црна Гора и триумф над БиХ од 41 поен.

Во последниот меч од оваа група Франција е домаќин на Литванија и тоа е дуел во кој двете селекции се борат за првото место.

Во Л конкуренцијата во најдобра позиција е Грузија, која треба да слави над Исланд, а мечот се игра во Тбилиси. Исланд исто така има шанса за настап на Мундијалот, но треба да победи со најмалку четири поени.

Украина е домаќин на Холандија, но двете селекции немаат шанса за настап на Светското првенство додека Шпанија и Италија во меѓусебен дуел решаваат за тоа кој ќе ја освои првата позиција.

КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП

  1. КОЛО

К ГРУПА

ФРАНЦИЈА – ЛИТВАНИЈА            18:00ч

УНГАРИЈА – БИХ                               19:00

ЦРНА ГОРА – ЧЕШКА                      19:00

Л ГРУПА

УКРАИНА – ХОЛАНДИЈА              17:00ч

ГРУЗИЈА – ИСЛАНД                         17:00

ШПАНИЈА – ИТАЛИЈА                   18:00

 

ФОТО: Игор Паневски