Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грузија триумфираше над Португалија и се пласира во осминафиналето

/

пред 831 дена

Сподели преку :

Дебитантот на Европското првенство, Грузија по триумфот над Португалија од 2:0 го освои третото место во Ф групата и се пласираше меѓу шеснаесетте најдобри селекции на Стариот континент.

Триумфот на Грузијците им го донесоа Квича Кваратскелија и Жорж Микаутадзе и со оваа победа постигнат е најголемиот успех во историјата.

Во вториот дуел од оваа група Турција славеше над Чешка со 2:1.

Претходно во дуелите од Е групата Романија и Словачка играа без победник 1:1 што беше доволно двете селекции да одат понатаму, а Белгија и Украина одиграа натпревар без погодоци што значи дека шампионатот заврши за Украинците.

ФОТО: Игор Паневски