Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гвардиола сака да го задржи Гундоган

/

пред 1249 дена

Сподели преку :

Жозеп Гвардиола очигледно се премисли околу статусот на Илкај Гундоган и од листата на прекубројни сега менаџерот на Манчестер Сити сака да го префрли во редот на клучни играчи во екипата

Германскиот репрезентативец ги одработува последните месеци од договорот со Манчестер Сити, а во текот на оваа сезона тој игра во одлична форма особено во последниве неколку недели кога е еден од клучните во тимот на Гвардиола и до овој момент на 29 меча има шест погодоци и четири асистенции.

Менаџерот на англискиот шампион во неколку наврати потенцираше дека Гундоган е на списокот на играчи кои може да си заминат од клубот, но сето прикажано во изминативе месеци Гвардиола се премисли и сега сака да го задржи.

Германецот се поврзуваше со трансфер во Барселона и сега останува да се види неговата реакција по последните потези на предводникот на Манчестер Сити.

ФОТО: Игор Паневски