Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хакими има три понуди за трансфер во Премиер лигата

/

пред 1256 дена

Сподели преку :

По две години минати во дресот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими се подготвува да отвори ново поглавје во кариерата.

Мароканскиот репрезентативец во изминатиов период се етаблираше како еден од најдобрите странични дефанзивци во Европа и се чини дека оваа лето најверојатно ќе ја смени средината бидејќи за него интерес покажуваат неколку клуба од Премиер лигата во Англија.

Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челзи би сакале да го видат Мароканецот во своите редови и се подготвени да влезат во трката за комплетирањето на трансферот.

Дваесет и три годишниот Хакми со ПСЖ има договор до 2026 година и најголем проблем околу неговото заминување е обештетувањето од 105 милиони евра кое за предвремен раскин го бара првакот на Франција.

Хакими кариерата ја почна во мадридски Реал, а потоа две години го носеше дресот на Борусија Дортмунд со статус на позајмен играч по што се пресели во Интер.

Во редовите на Пари Сен Жермен дојде во јули 2021 година и за него беше платено обешттување од 60 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски