Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Халибартон експлодираше против Никс: Индијана е на една победа до големото финале (ВИДЕО)

/

пред 489 дена

Сподели преку :

За прв пат во финалната серија на Источната конференција во НБА-лигата еден домашен тим оствари победа, па сега Индијана води со 3-1 против Њујорк.

Пејсерс славеа со 130-121 против Никс ред своите навивачи за да дојдат на само една победа до пласман во големото финале за титулата. Тајрис Халибартон одигра фантастичен натпревар и запиша трипл-дабл со 32 поени, 15 асистенции и 12 скока, а интересно немаше ниту една загубена топка. Првата ѕвезда на Индијана имаше помош и од Паскал Сијакам, кој реализираше 30 поени.

Џејлен Брансон очекувано најмногу се истакна кај гостите од Њујорк со 31 поен, а Карл-Ентони Таунс имаше 24 поени со 12 скока.

Следниот натпревар се игра во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк во петок во 2 два часот по полноќ.