Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хансен заминува во пензија по Олимписките игри во Париз 2024

/

пред 914 дена

Сподели преку :

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња Микел Хансен ќе се пензионира од спортот ова лето. Данецот, кој има 36 години се надева дека ќе игра на Олимписките игри во Париз и со уште еден трофеј ќе ја заврши кариерата.

Хансен денеска на прес-конференција организирана од неговиот актуелен клуб Алборг ги потврди шпекулациите што се појавија вчера дека заминува во пензија. Левиот бек се надева дека ќе игра и на Олимписките игри во Париз, што ќе биде негов последен голем турнир во кариерата.

Го живееше ракометниот сон речиси 20 години. Со данската репрезентација за која има 266 настапи и 1.350 голови има освоено златни медали на сите три големи турнири, Европско првенство, Светско првенство и Олимписки игри во Рио 2016. Во клупската кариера, интересно не успеа никогаш да ја освои Лигата на шампиони иако играше за гиганти како Барселона и цели 10 сезони за ПСЖ.

Неговата последна шанса ќе биде оваа сезона со тимот на Алборг, кој веќе е пласиран во четвртфиналето.