Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хендерсон потпиша договор со Ал Етифак

/

пред 1167 дена

Сподели преку :

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон од денеска и официјално си замина од Енфилд Роуд и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

По 12 години минати во дресот на “црвените”, Хендерсон ќе се пресели во Ал Етифак каде ќе му биде соиграч на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски и ќе соработува со поранешниот соиграч Стивен Џерард.

За предвремен раскин на соработката со Хендерсон, Ливерпул ќе инкасира сума од 12 милиони фунти, а англискиот репрезентативец во новиот клуб ќе заработува 700.000 фунти неделно.

Хендерсон за тимот од Енфилд одиграл 492 натпревари и освоил осум трофеи од кои еден од оној во Премиер лигата на кој Ливерпул чекаше три децении и пехарот во Лигата на шампионите.

ФОТО: Игор Паневски