Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Холанѓанецот Арне Слот е најголем фаворит да биде нов менаџер на Ливерпул и да го наследи Јирген Клоп, кој заминува по завршувањето на оваа сезона. Актуелниот тренер на Феенорд, наводно веќе имал состаноци со челниците на „црвените“ и е многу близу да ја добие работата.

Минатата сезона го водеше Феенорд до шампионската титула во холандското првенство, а оваа го освои холандскиот куп. Слот со тимот од Ротердам играше и во финалето на Конференциската лига на УЕФА во 2022 година. Тој лани беше кандидат и за да седне на клупата на Тотенхем, но реши да ја одбие понудата за да остане во Феенорд.

Ливерпул претходно беше поврзуван со Рубен Аморим од Спортинг Лисабон, но и со неколку други тренерски имиња.