Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хорхе Мартин е нов лидер во Мото ГП

/

пред 1085 дена

Сподели преку :

Хорхе Мартин го презеде врвот во генералниот пласман во Мото ГП шампионатот откако утринава славеше на спринт трката во Индонезија.

Мотоциклистот на Прамак Дукати е во неверојатна форма, па со денешната победа во спринтот, четврта по ред, го презема врвот во генералниот пласман од актуелниот светски шампион Франческо Бањаја, кој финишираше на осмото место. На подиумот денеска се искачија двајцата возачи на ВР 46, тимот во сопственост  на легендарниот Валентино Роси, а  тоа се Лука Марини и Марко Бецеки.

Поени на спринтот освоија Маверик Вињалес, Фабио Кварараро, Фабио ди Џанантоио, Енеа Бастијанини, Франческо Бањаја и Џек Милер.

Во генералниот пласман, Мартин Сега има 328 бодови на врвот, седум повеќе од Бањаја. Трет е Бецеки со 272 бода.

Во квалификациите за утрешната трка за Големата награда на Индонезија, Лука Марини стигна до пол-позицијата, негова прва во кариерата во најсилната класа во Мото ГП. Во првиот стартен ред друштво ќе му прават двајцата возачи на Априлија, Маверик Вињалес и Алеиш Еспаргаро. Мартин ќе тргне како шести, а Франческо Бањаја ќе стартува дури како 13-ти.