Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хубер со неверојатни скокови дојде до титулата во ски летови на Планица

/

пред 924 дена

Сподели преку :

Даниел Хубер славеше на последното сезонско натпреварување во Светскиот куп во ски скокови што се одржува на леталницата на Планица, Словенија и ја освои титулата во ски летови.

Австриецот уште вчера покажа дека е во големо форма па ја предводеше својата земја до победата во тимското натпреварување. Денеска едноставно беше во друга категорија во однос на конкуренцијата, бидејќи имаше скокови од 247 и 242,5 метри и освои вкупно 487,7 поени. Зад него финишираше фаворитот на домашната публика Домен Превц со 43,4 поени помалку, а трет беше Полјакот Александер Знишчол.

Интересно е тоа штп Хубер со оваа победа успеа да стигне до титулата во конкуренција на ски летови и ги остави зад себе фаворитите Штефан Крафт, кој е севкупен победникот во Светскиот куп и Петер Превц. Австриецот и Словенецот денеска финишираа на четвртото, односно шестото место. За Превц денешното натпреварување воедно беше последно во неговата богата кариера.