Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иџе го освои 2.место на трката во Чешка

/

пред 854 дена

Сподели преку :

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе денеска финишираше на второто место на трката во Чешка во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки.

Иџе со своето Ферари денеска во двете трки на патеката Еце Хомо Штернберк во категоријата 1 оствари вкупно време од 6 минути, 46 секунди и 480 илјадитинки. Нашиот автомобилист беше втор зад победникот Лиридон Календри од Косово, кој имаше предност од 17,7 секунди. Трет финишираше Никола Вервер од Франција.

Иџе беше втор и на претходната трка во Португалија, во Австрија го освои третото место, а во Шпанија беше прв. Следната трка е за две недели во Германија.